Skip to main content

Израел и Сирија се договорија за прекин на огнот, соопшти американскиот амбасадор во Анкара

Фото: Freepik

Американскиот амбасадор во Анкара, Том Барак изјави дека Израел и Сирија се договорија за прекин на огнот предложен од Турција, Јордан и други земји во регионот.

Израел на 16 јули го нападна Дамаск, како и сириските владини сили кои напредуваа на југ кон градот Свеида, барајќи од нив да се повлечат и дека тој ги штити сириските Друзи, мало, но влијателно етно религиозно малцинство кое има и следбеници во Израел и Либан.

„Ги повикуваме Друзите, Бедуините и Сунитите да го положат оружјето и, заедно со другите малцинства, да изградат нов и обединет сириски идентитет“, напиша Барак на социјалната мрежа Икс.

Израелската амбасада во Вашингтон и сирискиот конзулат во Канада не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Објавувањето на примирјето следи по напорите на САД за прекин на конфликтот. Американскиот државен секретар Марко Рубио пред три дена изјави дека се договорени чекори за прекин на „вознемирувачката и ужасна ситуација“.

Поврзани вести