Skip to main content

Иранските бродови најдоа нов начин да ја избегнат американската блокада и да поминат низ Ормутскиот Теснец

Иранските бродови пронашле нов начин да ја заобиколат блокадата на САД во Ормутскиот Теснец, објави „Блумберг“.

Според публикацијата, бродовите прво пловеле до брегот на Фуџаира (ОАЕ), потоа се упатиле кон североисток кон иранскиот брег и дури потоа свртеле северно кон Ормуз. Таму поминале помеѓу иранските острови Ларак и Кешм, за да влезат во Персискиот Залив.

Во меѓувреме, воениот советник на иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, се закани дека Иран ќе ги потопи сите бродови на американската морнарица лоцирани во близина на Ормутскиот Теснец, кои изведуваат блокада на иранскиот морски транспорт, изјави

Советникот предупреди дека американските воени бродови се во дострел на иранските балистички ракети.

Никогаш нема да попуштиме на нашите 10 услови во преговорите за поморската блокада. За разлика од Американците, кои се плашат од продолжена војна, ние сме целосно подготвени и запознаени со водење таква војна“, изјави Резаи, виш воен советник на иранскиот врховен лидер ајатолах, Моџтаба Хамнеи.

Поврзани вести