
Генералниот секретар на иранскиот Совет за безбедност, Али Лариџани денеска се закани дека ќе ги нападне САД и Израел со сила која досега не е видена, по нивните напади врз Исламската Република во кои беше убиен врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Вчера Иран испука ракети кон САД и Израел, и тие заболеа. Денеска ќе ги удриме со сила каква што никогаш претходно не доживеале, изјави Лариџани во објава на Х.
Претходно тој изјави дека плановите на САД и Израел биле „осуетени“.
САД и Израел направија погрешна проценка и имаа за цел да предизвикаат немири и промена на власта во Иран преку целни напади врз воени објекти и убиства на високи функционери, го цитираше Лариџани државната новинска агенција ИРНА.

Македонски


