Skip to main content

Иран дозволи премин на турски брод низ Ормуската Теснина

Иранските власти дозволиле турски товарен брод што превезувал сурова нафта од Ирак кон Малезија да помине низ Ормуската Теснина во текот на ноќта, соопшти турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.

Според Уралоглу, три турски пловни објекти досега успеале да ја минат ефективно блокираната водена рута од почетокот на актуелната војна на 28 февруари. Тој додаде дека на ова му претходеле интензивни преговори.

Уште осум турски бродови сè уште чекаат дозвола за премин.

Турција остана неутрална во војната и работи на дипломатско решение.

Ефективното затворање на Ормуската Теснина на влезот во Персискиот Залив доведе до нагло зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво.(МИА)

Поврзани вести