Skip to main content

Хамнеи: Не е можен договор со САД под водство на Трамп

X / KHAMENEI.IR | فارسی
X / KHAMENEI.IR | فارسی

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во обраќањето емитувано на државната телевизија, ја отфрли можноста за политички договор со Соединетите Американски Држави под водство на претседателот Доналд Трамп, јави ДПА. 

Проблемите се нерешливи и веќе не се однесуваат само на обвинувања против Иран, како што се поддршка на тероризмот и кршење на човековите права, туку САД сега бараат послушност и капитулација. Иранскиот народ ќе се спротивстави на ова одвратно барање со целосна решителност, рече Хамнеи.

Според Хамени, Трамп го поттикнал изралексиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го поддржал во нападот врз Иран за да се наметнат политички промени, но, како што посочи, и двајцата биле изненадени кога откриле дека Иран се бранел достоинствено.

Врховниот лидер на Иран, кој го има последниот збор за сите стратешки прашања, ретко се појавуваше во јавноста откако Израел нападна нуклеарни цели низ целата земја во јуни. Хамнеи тврди дека Иран победил во кратката војна, иако важни нуклеарни и воени објекти беа оштетени или уништени.

Статусот на разговорите со САД за нуклеарната програма на Иран останува нејасен. Реформаторите, вклучувајќи го претседателот Масуд Пезешкијан и неговата влада, не ја исклучуваат можноста за продолжување, но тврдокорните во парламентот се силно против продолжување на преговорите, откако САД фрлија таканаречени бомби за уништување бункери врз клучните ирански нуклеарни објекти за време на 12-дневната војна.

Хамнеи, според познавачите на приликите во иранската политика, не е стриктно против разговорите, но ги отфрла условите на Трамп.

Доколку разговорите не продолжат, Иран се соочува со зголемени санкции што би можеле да ја погодат неговата веќе уништена економија, а останува отворена можноста и за нов израелски напад.

Поврзани вести