Хајнекен ќе ја отвори првата голема фабрика за пиво во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што забраната за консумирање алкохол меѓу муслиманите постепено се укинува.
Изградбата ќе почне на крајот на 2025 година, а ќе биде завршена во 2027 година. Ова ќе биде првата пиварница во регионот на Заливот.
Изградбата на фабриката е диктирана од желбата на владата на ОАЕ да ја диверзифицира економијата и да ја намали зависноста од извозот на нафта и гас.
Новата пиварница во Дубаи ќе произведува низа брендови меѓу кои Хајнеке, Кингфишер, Амстел и Бира Морети.