Skip to main content

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп да им испрати медицински брод на островот

Freepik

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање медицински  брод на данската автономна територија.

Идејата на претседателот Трамп за испраќање американски медицински брод на Гренланд е земена предвид. Сепак, имаме систем на јавно здравје во кој граѓаните имаат слободен пристап до здравствена заштита. Ова е свесен избор“, објави Нилсен на Фејсбук.

Нилсен додава дека Гренланд останува отворен за дијалог и соработка со САД.

Трамп вчера на социјалните мрежи објави дека соработува со гувернерот на Луизијана и специјален пратеник за Гренланд, Џеф Ландри, за испраќање медицински брод на Гренланд, територија за која американскиот претседател искажува отвореи апсирации.

Гренланд, Данска и САД минатиот месец започнаа дипломатски разговори за решавање на кризата меѓу нив, по месеци тензии во НАТО поради заканите на Трамп.

Идејата за испраќање медицински брод од САД на Гренланд беше отфрлена и од високи дански претставници.

Поврзани вести