Skip to main content

Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп, велат од Кремљ


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска.

Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане руски и веќе стана руски е реалност – изјави Песков, мислејќи на анексиите на украинските територии во есента 2022 година.

Русија тогаш ги анектираше регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, откако организираше референдуми во тие конфликтни зони. Во 2014 година го анектира и полуостровот Крим.

Луѓето кои и покрај бројните опасности чекаа на ред и гласаа за време на референдумот за приклучување кон Русија – тоа во голема мерка одговара на зборовите на Доналд Трамп од вчера – рече Песков.

Американскиот претседател вчера ја спомна можноста Украина „еден ден да стане руска“ и побара компензација за помошта што САД му ја дадоа на Киев. рп/Фото: МИА архива .

Поврзани вести