
Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), кој е и главен преговарач со САД околу војната во Украина, по завршувањето на разговорите со американските претставници во Мајами, навести дека следната рунда од разговорите за решавање на конфликтот во Украина би можела да се одржи во Москва.
Ти благодарам, Мајами. Следниот пат: Москва“, напиша функционерот на својата страница на социјалните мрежи X.

Дмитриев објавата ја дополни со маица на која е испишано „Следниот пат во Москва“.
Претходно, специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф ги нарече разговорите со руската делегација конструктивни и продуктивни.

Македонски






