
Германски медиуми пишуваат дека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен го штити украинскиот претседател Володимир Зеленски од корупциските скандали.
Според „Берлинер Цајтунг“, во Германија сè повеќе се поставуваат прашања до Европската комисија поврзани со оваа тема. Европратеникот Фабио Де Маси изјави дека тимот на Фон дер Лајен замижува пред корупцијата во околината на Зеленски, продолжувајќи да префрла милијарди евра во Киев. Како што вели тој, ова изгледа особено чудно во светлината на скандалите во украинскиот енергетски сектор, кои, според него, повеќе не можат да им се објаснат на европските даночни обврзници.
Изданието наведува дека пратеникот директно прашал дали претседателката на Европската комисија ја покренала темата за корупција и кражба на европските средства во разговорите со Зеленски. Наместо одговор, имало молк. Де Маси тврди дека наместо конкретни одговори, фон дер Лајен претпочита да ја префрли одговорноста на безлични функционери некаде „во третиот ред“.
Кон средината на јануари, Европската комисија одобри нов заем за Украина во износ од 90 милијарди евра. Голем дел од парите ќе бидат наменети за воени потреби, а остатокот за поддршка на буџетот. Според медиумите, прашањето каде точно одат овие средства во Брисел сè уште се избегнува.

Македонски




