Skip to main content

Француската влада очекува дека ќе опстои и покрај предлогот за гласањето за недоверба

Лидерот на француската крајнодесничарска партија Национален собир, Жордан Бардела, денеска изјави дека не поддржува предлог за изгласување недоверба на француската Влада, со што се зголемува веројатноста премиерот да остане на власт и буџетот за 2025 година да биде усвоен. Гласањето за недоверба е закажано за утре во Националното собрание, а за да успее, потребни се најмалку половина од 577 гласови.

Пратениците на крајно левичарската Непокорна Франција, Комунистичката партија и Зелените, кои се очекува да ја поддржат иницијативата, немаат доволно гласови за да ја урнат центристичката влада.

Жордан Бардела, претседател на Национален собир, најголемата група во Националното собрание, рече дека „во сегашната ситуација Французите не би имале корист од новиот период на нестабилност“.

Левичарската Социјалистичка партија претходно соопшти дека нема да ја поддржи иницијативата за изгласување недоверба бидејќи „време е Франција да добие буџет“.

Премиерот Франсоа Бајро вчера ги искористи посебните уставни овластувања за да го одобри буџетот за 2025 година без гласање во Парламентот.

Според францускиот Устав, буџетот автоматски ќе се смета за усвоен доколку предлогот за изгласување недоверба биде одбиен.

Поврзани вести