Skip to main content

Франција засега не сака да биде дел од Одборот за мир, не е во согласност со резолуциите и Повелбата на Обединетите нации

Facebook/Emmanuel Macron

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека Франција засега нема да се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот статут не е во согласност со резолуциите и Повелбата на Обединетите нации.

Портпаролот Паскал Конфавро изјави дека Одборот не соодветствува со првичниот мандат за решавање на конфликтот во Газа, кој не е ни споменат во документот, и дека одредени елементи од повелбата на овој совет се во спротивност со меѓународното право.

Белата куќа претходно соопшти дека покрај САД, во Одборот веќе учествуваат голем број земји, меѓу кои Бугарија, Турција, Саудиска Арабија, Египет, Аргентина, Казахстан и Косово.

Поврзани вести