
Американски претставници патуваат низ европските земји за да ги промовираат американски енергетски субјекти наместо користењето руско гориво, објавува „Фајненшл тајмс“ ФТ, повикувајќи се на извори. Според весникот, Американците се обидуваат да ја елиминираат „секоја последна молекула“ руски гас од европскиот пазар.
Кампањата на американските претставници се совпаднува со понудата на компаијата за нафта „Гунвор“ да се здобие со странски активи на руската компанија „Лукоил“, која САД ја санкционираа. Како што забележува ФТ, ова предизвика тешкотии за трговецот со нафта, бидејќи медиумите во тоа време се фокусираа на минатите врски на компанијата со Русија.
„Гунвор“ беше именуван од „Луоил“ како потенцијален купувач, но Министерството за финансии на САД предупреди дека нема да издаде лиценца на оваа компанија за водење бизнис сè додека не се реши руско-украинскиот конфликт.
До 2014 година, рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко беше ко-сопственик на „Гунвор“, кој го продаде својот удел од 43,5% во компанијата на друг голем акционер, Торбјорн Тернквист, еден ден пред да му бидат воведени санкциите од САД. Како резултат на тоа, Торнквист доби 86% од акциите за 6,6 милијарди долари (остатокот, според „Форбс“, им припаѓа на вработените во компанијата). Торнквист моментално е претседател на одборот.
„Гунвор“ беше добро познат на сите што ја познаваа Русија под Путин“, вели за ФТ, Даниел Фрид, поранешен координатор за политиката на санкции (2013-2017) кој ги надгледуваше рестриктивните мерки на САД против Русија по припојувањето на Крим во 2014 година.
САД официјално бараат од своите европски сојузници да престанат да купуваат руски гас и нафта.
Американските делегации во преговорите со други земји секој пат го поставуваат прашањето за снабдувањето со енергија од Русија и Иран“, изјави американскиот секретар за внатрешна безбедност Даг Бургум во ноември.
Слични напори на САД се прават и кон азиските земји.
Тие (Европејците) категорично велат дека до крајот на следната година, 2026 година, целосно ќе престанат да увезуваат руски гас во која било форма. До крајот на оваа година, сè уште е можно да се купува руски гас по спот договори. Можно е да се купува гас од Русија по договор во 2026 година. Но, веќе од 1 јануари 2027 година, нема да има повеќе руски гас“, изјави американскиот министер за енергетика Кристофер Рајт во септември.
Унгарија обезбеди исклучоци за себе, но Будимпешта тврди дека ослободувањето е неопределено, додека Вашингтон вели една година.
Санкциите водат до намалување на испораките на руска нафта на глобалниот пазар, што ќе предизвика нагло зголемување на цената на нафтата и нафтените производи. Се чувствуваме сигурни, стабилни и покрај одредени загуби – тие сигурно ќе бидат. Ова се должи на многу околности“, предупреди претседателот Владимир Путин во ноември.

Македонски








