
Недостатокот на јасен одговор од раководството на НАТО на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд предизвикува сериозна загриженост во европските престолнини и ги зајакнува сомнежите за способноста на алијансата да ги заштити данските интереси, објавува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на извори меѓу европските претставници.
Издаието забележува дека НАТО сè уште не издаде јавна изјава во која ја поддржува територијалната целовитост и суверенитет на Данска и Гренланд и не одговори на никаков начин на искажаните амбиции на Трамп за островот. Овој став, според ФТ, ги иритирал европските земји, кои се надевале дека ќе покажат единство меѓу сојузниците и ќе ги намалат трансатлантските тензии.
Извори на весникот признаваат дека клучната улога на САД во НАТО значително ја ограничува способноста на другите земји од алијансата енергично да реагираат. Во исто време, тие велат дека пасивноста би можела да го зголеми „чувството на неказнивост“ на Трамп и да му даде дополнително влијание, со оглед на зависноста на Европа од Вашингтон за безбедност.

Македонски





