
Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ во својата анализа за влијанието на случувањата на Блискиот Исток врз енергетската состојба во светот коментира дека цената од 200 долари за барел нафта повеќе не изгледа незамислива.
Во случај на продолжена блокада на Ормутскиот теснец, пазарот би изгубил 20 милиони барели нафта и нафтени производи дневно. Ова е најпесимистичкото сценарио“, наведува „Фајненшл тајмс“.

Промената на рутите за снабдување, користењето алтернативни извори и резерви на нафта и голем број други мерки би можеле да го намалат недостигот на 2 милиони барели дневно или 2% од глобалната потрошувачка. Ова е оптимистичкото сценарио, коментира весникот.
Ситуација како оваа се случи во периодот од 2007 до 2009 година, зголемувајќи ги глобалните цени на нафтата до 147 долари за барел. Денес, тоа е еквивалентно на 222 долари“, нагласува Фајненшл тајмс
Претходно „Си-Ен-Ен“ објави дека продолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до енергетска криза каква што светот никогаш не видел.

Македонски

