Skip to main content

Европските производители на автомобили предупредуваат против трговската војна ЕУ-САД

Најголемите европски производители на автомобили ја повикаа Европската унија да избегне „трговски конфликт“ со САД, на само неколку дена пред официјалното враќање на Доналд Трамп како претседател.

Трамп, кој ќе положи заклетва во понеделник, постојано се заканува дека ќе ги зголеми тарифите за европските производи, како и за стоките произведени од Кина и другите сојузници како Канада.

Ако завршиме во трговски конфликт, нашата јасна проценка е дека тоа би било значително економски штетно за ЕУ ​​и за европската автомобилска индустрија, предупреди Ола Калениус, извршен директор на Mерцедес и нов претседател на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, европското автомобилско лоби ја повика ЕУ „да се обиде да избегне потенцијален трговски конфликт“.

Колку се послободни и поотворени пазарите, толку подобро за европската автомобилска индустрија, изјави рече Калениус посочувајќи ја трговијата со САД и Кина.

За германскиот автомобилски гигант Мерцедес, американскиот пазар претставува околу 15 отсто од неговата глобална продажба на автомобили во 2024 година.

ACEA го повтори својот повик деенска за Европската унија да биде „флексибилна“ во борбата за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Поврзани вести