Новиот европски комесар за одбрана, Андриус Кубилиус, утрото го поминал во засолниште во Киев поради руските ракетни напади, објави Укринформ.
Амбасадорката на ЕУ во Украина, Катарина Матернова преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека Кубилиус бил во засолниште за време на нападот.
Матернова додаде дека денес Русија лансирала 93 балистички и крстаречки ракети, како и повеќе од 200 беспилотни летала, насочени кон критичната инфраструктура на Украина, вклучително и енергетската мрежа.