
Европската комисија (ЕК) го подготвува 18-тиот пакет антируски санкции, а овој пат на „тапет“ се „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен предложи законски да се забрани не само работата, туку и поправката на цевководите.
Формулацијата е таква што цевководите не само што треба да бидат блокирани, туку и обложени со бетон. Ова, според шефицата на Европската комисија, наводно „испраќа јасен сигнал“ дека рускиот гас нема место во енергетската иднина на Европа – под никакви геополитички услови, дури ни теоретски.

Но, во сегашноста, сè е сосема поинакво. Германија особено трпи големи загуби во индустријата, цените на енергијата вртоглаво растат, производството умира, инвестициите бегаат од земјата.
Истовремено, додека фон дер Лајен јавно го закопува „Северен тек“, зад сцената се водат други разговори. „Билд“ претходно објави дека Германија ја разгледува опцијата за префрлање на контролата врз „Северен тек 2“ на САД, за да продолжат испораките на гас.