
Билатералните одбранбени односи и регионалните и меѓународните безбедносни предизвици, биле темите за кои телефонски разговарале министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас и американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за прв телефонски разговор на Дендиас и Хегсет, а за темите информираше министерот за одбрана на Грција преку платформата Икс.
За време на мојот прв телефонски разговор со секретарот за одбрана Пит Хегсет разговаравме за грчко – американските стратешките одбранбени односи, како и за нашите заеднички регионални и меѓународни безбедносни предизвици, напиша Дендиас.
Весникот „Катимерини“ повикувајќи се на свои информации пишува дека разговорот поминал во многу добра клима, а „содржината на разговорот, како и времето во кое се одвива испраќаат исклучително важна порака за стратешките односи меѓу Атина и Вашингтон и улогата на Грција како фактор на стабилност и развој во Источниот Медитеран“.