Skip to main content

„Демократите“ разграбаа сѐ што им дојде пред очи: Kако изгледа сега резиденцијата на Башар

Падот на Башар ал Асад беше главна тема на светот во последните денови, а луксузот во кој со децении живееше претседателот на Сирија го запрепасти светот. Снимките од неговата гаража полна со луксузни автомобили, меѓу кои и неколку Ферари, станаа вирални низ светот.

Во самата вила се “пукаше§ од луксуз. Свилена постелнина, куфери и облека од Луј Витон во палатата, како и луксузни бањи, ги разбесни бунтовниците кои во неделата ја превртеа замокот на Асад. Сепак, салата на Башар ал Асад, која гледа на планината Касиун и градот Дамаск, предизвика особено внимание.

Стаклен ѕид со прекрасен поглед, клупа, разбој, душеци, велосипед за вежбање…поставени на неколку стотици квадратни метри го одземаат здивот, а бунтовниците кои упаднаа во салата на Асад дополнително збеснаа кога сфатија дека салата продолжува на џиновски стан во кој друга бања е целата во мермер, во која има и џакузи.

Еден човек е виден како носи беж кадифен стол надвор од палатата преку неговото рамо додека луѓето талкаат по мермерните ходници со врежан дрвен таван над нив. Слики дојдоа и од куќата на Асад во блиската Ал-Малика, каде има меки црвени теписи, сјајни мермерни подови, но и облека и додатоци од најпознатите светски брендови како Диор и Луј Витон.

Однесоа бувално се, од вазни, прибор за јадење, мебел, постелнина, до Луј Витон чанти на сопругата на претседателот.

Повеќе од интернет

Поврзани вести