Skip to main content

Цената на европската безбедност: ЕУ без САД има потреба од армија од 300.000 војници и 250 милијарди евра годишно

Новиот извештај на „IfW“ и „Bruegel“ прикажува мрачна слика за европската безбедност. Според извештајот, за да се одбрани од потенцијални закани, ЕУ ќе мора да создаде колосална армија и нагло да ги зголеми воените трошоци.

ЕУ мора да мобилизира 300.000 војници, да создаде дополнителни 50 бригади и да купи најмалку 1.400 нови тенкови и 2.000 оклопни транспортери. Ова е повеќе од сегашните копнени сили на Германија, Британија, Италија и Франција заедно. ЕУ, исто така, ќе биде принудена да произведува околу 2.000 дронови со долг дострел годишно“, пишува во извештајот.

Но, дури и огромните трошоци нема да го решат главниот проблем. За разлика од американската армија, која е обединета под еден команден систем, ЕУ страда од фрагментација и недостаток на координација на националните вооружени сили.

Поврзани вести