
Осум членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт, Оман, Казахстан и Алжир, денеска треба да се согласат да го зголемат производството на нафта за 137.000 барели дневно за декември.
Исто така, можно е привремено да се паузира зголемувањето на производството, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на неименувани извори.
ОПЕК+ од април ги зголеми целите за производство за повеќе од 2,7 милиони барели дневно, што е околу 2,5 проценти од глобалната понуда, но го забави темпото на зголемување во октомври и ноември поради прогнозите за можно прекумерно снабдување на пазарот.
Новите западни санкции против Русија, членка на ОПЕК+, дополнително ги отежнуват разговорите, бидејќи Москва би можела да има потешкотии со натамошното зголемување на производството откако САД и Велика Британија воведоа нови мерки против водечките производители Роснефт и Лукоил.
Цените на нафтата паднаа на петмесечно ниско ниво од околу 60 долари за барел на 20 октомври поради загриженоста дела се создава презаситеност на понудата, но оттогаш се опоравија на околу 65 долари за барел благодарение на санкциите врз Русија и оптимизмот во врска со трговските разговори на САД со партнерите.

Македонски







