Skip to main content

Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада

Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми.

Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата.

Водачот на хунтата Мин Аунг Хлаинг нареди итни спасувачки напори во погодените области. Вчера тој ја покани „која било земја“ да обезбеди помош и донации.

Кинески спасувачки тим денеска пристигна во Мјанмар, додека Русија и САД понудија помош во катастрофата, при што се оштетени стотици згради во соседен Тајланд.

Според симулацијата на Геолошкиот институт на САД бројот на загинати може да надмине 10.000 луѓе во Мјанмар, а загубите би можеле да бидат поголеми од вредноста на бруто домашниот производ на земјата.

Поврзани вести