Skip to main content

Британскиот премиер следната недела ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер на „Даунинг стрит“ потврди дека тој ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела, јави ДПА.

Портпаролот на премиерот изјави дека за време на неговата прва посета на Вашингтон откако Трамп ја презеде функцијата, Стармер ќе се обиде да ги „продлабочи специјалните односи“ меѓу Обединетото Кралство и САД.

Премиерот со нетрпение очекува наскоро да се сретне со претседателот Трамп за да разговара за тоа како можеме да ги продлабочиме нашите посебни односи во трговијата, инвестициите и безбедноста“, рече портпаролот на „Даунинг стрит“.

Минатата недела американскиот претседател рече дека се радува на „пријателска и многу добра средба“ со британскиот премиер.

Поврзани вести