Skip to main content

РК Вардар денеска ќе ги дознае противниците во ЛШ

 Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза.

Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи.

Во првиот „шешир“ се наоѓаат првите фаворити: Алборг, Барселона (европски првак), Нант, Магдебург, Веспрем и Спортинг.

Во вториот „шешир“ се: Монпеље, ПСЖ, Берлин, Мелсунген, ПИК Сегед и Киелце.

Третиот „шешир“ го сочинуваат: Загреб, ГОГ Гудме, Колштад, Висла, Порто и Динамо Букурешт.

Извлекувањето ќе се одржи во седиштето на ЕХФ во Виена

Поврзани вести