
Војната на САД со Иран создаде потенцијално неповратен товар врз глобалниот трговски систем. За прв пат по неколку децении, резервите на злато ги надминаа средствата на централните банки во доларски фондови, пишува „Блумберг“.
Според изданието, сегашниот колапс на доларот потсетува на тоа како британската фунта го изгуби статусот на резервна валута, што следеше по неколку важни настани и се протегаше во текот на три децении.
Падот на доларот почна со употребата на американската валута како оружје преку воведувањето санкции, особено изразено со замрзнување на руските фондови на Зпад по почетокот на конфликтот во Украина.

Постои и подлабока причина. Принципот „ти кон мене — јас кон тебе“, кој е основа на светскиот монетарен систем, кога трговските приходи се претвораат во доларски средства во замена за безбедносни гаранции и стабилност на светскиот систем, повеќе не функционира.
Во вакви услови, се повеќе земји во светот одлучуваат дека поседувањето помалку доларски средства станува сè пологично. Сега кога ова е добро познат факт, тешко е да не се забележи дека доминацијата на доларот слабее со текот на времето, а позициите на златото се зајакнуваат, со оглед на тоа што се почесто, токму златото го замнеува доларот во државните резерви на земјите ширум светот..

Македонски


