Skip to main content

Македонските ракометарки на ЕП 2026 ќе бидат во група со Норвешка, Романија и Швајцарија

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката одржана во Катовице.

За македонските ракометарки ова ќе биде деветти настап на континенталниот турнир, а трет во низа.

Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември.

Европската ракометна федерација организацијата им ја додели на Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. 

Поврзани вести