Skip to main content

Белгискиот шеф на дипломатијата: Признавањето на Палестина е јасен показател за ставот кон постапките на Израел 

Откако Генералното собрание на ОН ќе ја признае Државата Палестина и Белгија ќе мора да го разгледа нејзиното правно признавање, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево  

При гостувањето на телевизијата РТЛ, Прево нагласи дека иако се уште не е утврден прецизен датум за тоа, Белгија останува посветена на признавањето на Државата Палестина. 

Тоа е процес во два чекори: политичко признавање, што е силен дипломатски сигнал за постапките и ставовите на Израел, а потоа ќе дојде време и за правна формализација со кралски декрет, изјави Прево. 

Според него, признавањето на Палестина претставува „силна порака на меѓународната сцена“ бидејќи му се дава легитимитет на палестинскиот народ да има своја држава, но дека во моментов тоа не е најважното прашање. 

Признавање зазема голем простор на медиумската и граѓанската сцена, што е нормално, бидејќи тоа е важно прашањето. Но, тоа не е најитната работа денес. Ако сакаме да им однесеме храна на оние што молат за храна, мора малку да ја свиткаме раката на израелската Влада преку санкции, за да ја натераме конечно масовно да дистрибуира хуманитарната помош во Газа. Мора да дејствуваме, оцени Прево. 

Европската комисија во средата предложи делумна суспензија на трговските повластици и поддршка за Израел и робустен пакет-санкции кон терористите од Хамас, екстремистичките министри во израелската Влада и кон насилните еврејски доселеници на Западниот Брег, кои треба да ги одбрат државите членки во рамки на Советот на ЕУ.

Поврзани вести