Skip to main content

Австралиската министерка за надворешни работи изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изрази длабоко сочувство за жртвите во пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 178 се повредени.

Австралија е во длабоко тага поради трагичниот пожар во ноќен клуб во Македонија, кој однесе над 50 животи. Испраќаме искрено сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Вонг на социјалната мрежа „Х“.

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а 178 повредени.

Поврзани вести