
Американската војска ќе почне да прифаќа и да пушта во оперативна употреба нови борбени авиони Ф-35 без радари поради доцнења со производството на радарските системи АПГ-85.
Како резултат на ваквата одлука, тие авиони ќе бидат погодни за летови, но нема да бидат способни за борба. Идејата е овие летала да се користат само за обука.
Доколку одложувањата продолжат, ова би можело да влијае на повеќе од 100 борбени авиони, кои последователно во иднина ќе бараат модернизација.

Македонски


