Skip to main content

Американските демократи го избраа Кен Мартин за претседател на партијата

Демократската партија на САД денеска го избра Кен Мартин од Минесота за свој претседател.

Добивме сериозен удар во ноември – рече Мартин.

Гласањето се одржа во предградие на Вашингтон, каде што повеќе од 400 партиски членови од секоја држава и територија во САД се собраа на состанок.

Мартин вети дека ќе ги рефокусира пораките на демократите на гласачите од работничката класа, ќе ја зајакне демократската инфраструктура низ целата земја и ќе го подобри партискиот систем против Трамп.

Тој и повеќето кандидати признаа дека демократите претрпеа удар, но малкумина ветија суштински промени.

Само 31 отсто од гласачите имаат позитивно мислење за Демократската партија, според анкетата на Универзитетот Квинипиак објавена оваа недела. Четириесет и три отсто од гласачите имаат позитивно мислење за Републиканската партија.

Поврзани вести