Skip to main content
Високи американски воени претставници се закануваат

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор

Високи американски воени претставници порачуваат дека американските сили на Блискиот Исток се подготвени веднаш да продолжат со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор.

Како форма на притисок врз официјален Техеран, американската војска ги блокира сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Иран.

Иран може да избере светла иднина и се надеваме дека ќе го стори тоа за доброто на својот народ. Но, доколку Иран донесе погрешна одлука, ќе добие блокада и бомби врз инфраструктурните и енергетските објекти“, рече министерот за одбрана Пит Хегсет на прес-конференција во Пентагон. 

Генералот Ден Кејн, началник на Генералштабот на американската војска, изјави дека американските сили се „подготвени да продолжат со големи воени операции буквално во моментот кога ќе ја добијат наредбата“. Американските воени бродови ќе гонат ирански или кој било друг брод што се обидува да донесе материјална помош во Иран. Ќе ги пресретнеме бродовите што ќе се обидат да ја пробијат блокадата и ќе ги предупредиме дека „ќе употребиме сила ако не ја почитуваат блокадата“, истакна тој.

Кејн додаде дека тоа ќе се спроведува и во иранските територијални и во меѓународните води.

Генералот презентираше информации дека досега 13 бродови се вратени токму на овој начин.

Поврзани вести