Skip to main content

Али Акбар, последниот продавач на весници во Париз, Макрон го прогласи за витез

По потекло од Пакистан, повеќе од пет децении, Али Акбар продава весници во Париз, разговара со минувачите и пријатели, пренесува Араб њуз.

Акбар, 73, се смета за последен продавач на весници во Франција и за своите заслуги доби едно од највисоките одликувања во земјата. На посебна церемонија во Елисејската палата, претседателот Емануел Макрон го прогласи за Витез од Националниот ред за заслуги, опишувајќи го како „пофранцуски од Французите“.

„Вие сте акцентот на шестиот арондисман, гласот на францускиот печат во недела наутро – и секој втор ден од неделата, поточно. Топол глас кој повеќе од 50 години одекнува на терасите на Сен Жермен, наоѓајќи си пат меѓу масите во рестораните“, рече Макрон во својот говор.

Поврзани вести