Skip to main content

Вандализам на АСНОМ: Оштетени 34 автомобили, штета околу 11.000 евра

Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг простор на булеварот „АСНОМ“ во Скопје, а вкупната материјална штета се проценува на околу 11.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека пријавата во СВР Скопје била поднесена денеска, при што било наведено дека оштетувањата на возилата се случиле во периодот од 23 часот на 27 декември до 9 часот на 28 декември.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.

Полицијата презема мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.