Skip to main content

„Прво човек, потоа градоначалник“ – ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за градоначалник на Скопје 

„Прво човек, потоа градоначалник“ е мотото под кое денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го организираат промотивниот настан за кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

На настанот што се одржува во Музејот на современа уметност, се промовира и советничката листа која брои вкупно 45 кандидати за советници.

Промотивниот настан почна со државната химна во изведба на хорот Злата Мегленска. Се очекува да се обратат премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Ѓорѓиевски.

Прв пред присутните зборуваше Даме Димитровски, носител на советничката листа.

Се отвора нова фаза за Скопје, дојдено е време да се преземе вистинска одговорност, беше речено во воведниот дел на промоцијата. 

Поврзани вести