Skip to main content

„Пред еден суд сите ќе завршиме“, „Врските не враќаат човечки живот“, граѓаните бараат правда за Фросина

„Пред еден суд сите ќе завршиме“, „Врските не враќаат човечки живот“, „Не е несреќа, туку убиство“, се дел од транспарентите кои денеска ги носеа граѓаните кои излегоа на протест на булеварот „Партизнски одреди“ во Скопје, во близина на пекарницата „Силбо“ каде што 20-годишен возач смртно ја прегази 22-годишната Фросина од Неготино.

Граѓаните на мирниот протест бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди. На булеварот се собраа многу млади, но и доста повозрасни граѓани кои бараат да се рачисти овој случај.

Од синоќа е во притвор 20-годишниот В. Ј. од Скопје, кој ја удри со кола и на местото ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова пред Универзалната сала на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Ова момче, кое пијано заввчера пред полноќ возел со брзина над 120 километри на час, било со укината мерка притвор од судот, за друго дело, за дилање дрога.

Поврзани вести