Skip to main content

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани вести