
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни врнежи од снег во главниот град и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.
Имајќи предвид дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Од тие причини, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои во моментот се проценети како безбедни и проодни за возилата на ЈСП Скопје, согласно проценките на надлежните служби.
Жичницата не работи поради ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за непречено и безбедно функционирање на жичницата.
-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП

Македонски




