
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со светски познатиот архитект Бајрам Вардар, со кого разговараше за изработката на мастер план што ќе овозможи целосна трансформација на Чаир.
Меџити нагласи дека густината на населението во оваа општина е една од највисоките во регионот и Европа, споредувајќи ја со Истанбул, Бурса и неколку други мегаполиси.
„Имаме потреба од практични решенија за урбанизацијата, сообраќајот и подземната инфраструктура. Од една страна е Гази Баба, од другата Серово, па сè до Џон Кенеди. Тука се и Дижон, Фуша Топана, Луан Харадинај, Стариот Чаир и Стадионот на Скопје. Најголем предизвик се Дижон, Серово и Гази Баба – три сегменти со најголема густина на индивидуални куќи“, изјави Меџити.
Архитектот Бајрам Вардар посочи дека слични урбанистички проблеми постојат и во делови од Бурса и Истанбул, како во квартовите Зафер, Османгази, Есенлер и Бајрампаша.
„Ние сме тука за да работиме. Ќе направиме анализа, ќе подготвиме решенија и ќе ги презентираме на градоначалникот и неговиот тим“, истакна Вардар.