Skip to main content

Лукровски: Ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето

Почитувани, почнуваме со градинките и училиштата во Карпош. Досегашното мое работење кажува дека секој еден може да гради улици, да поставува плочки, и ивичњаци но јас верувам дека вистинска силна општина не се гради од бетон туку од луѓе. Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови, и климатизирано во летните месеци. Со поставување на фотоволтаици на крововите, од училиштата и градинките, на тој начин ќе ја искорениме зависноста од мазут набавена од било кој и да е петрол. А преку тоа и загадувањето во Карпош, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на Сотир Лукровски, нивниот кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди.

Паралелно ќе започнам целосна реконструкција на сите постоечки градинки, не површно туку темелно, ќе ги заменам старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе ги подобрам осветлувањето, подовите и тоалетите. Затоа што детската сигурност, не смее да зависи од буџетот.

Ќе воспоставам и сензорни зони за децата со посебни образовни потреби затоа што секое дете заслужува достоинствено место во општината. Но мојата визија за образованието не завршува во градинките, јас ќе создадам отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка.

Во 21 век, сметам дека дигитализацијата е неминовен процес, затоа ќе набавам интерактивни табли и современа опрема за секоја училница. Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ќе воспоставам и Совет на родители, каде секоја мајка и секој татко ќе може директно да предложи подобрување, без формални процедури, без чекање, ако некоја училница прокиснува, ако некој премин е небезбеден, јас сакам тоа веднаш да го слушнам и веднаш да реагирам.

Општината под мое водство нема да биде директор што издава наредби одозгора, туку партнер што слуша и дејствува.

Мојата цел е јасна, да направам Карпош да биде место каде првиот чекор на детето е сигурен, каде првата буква се учи со радост, и каде првата реченица што ќе ја каже е „Сакам повторно во градинка“. Ако тоа го постигнеме, тогаш знам дека сме изградиле повеќе од општина, сме изградиле заедница што верува во иднината и верувајте така и ќе биде.

Поврзани вести