Skip to main content

ФОТОГАЛЕРИЈА: Летаа кровови од згради, падна фасадата на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, скршени стакла, големо невреме во Скопје

Скопје попладнево е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер и обилни врнежи од дожд.

Граѓани на социјалните мрежи пријавуваат паднати дрвја на неколку локации, поради што има застој на фреквентни сообраќајници.

Во скопската општина Аеродром падна фасадата во основното училилиште „Браќа Миладинвци“, летаа кровови од згради, од силниот ветер пукаше и стакло. Има падната дрвја, оштетени возила…

Инаку претходно УХРМ излезе со предупредување за силно невреме кое ќе го зафати Скопскиот регион, додека вчера невреме во зафати јужниот и југоисточниот дел од државата.

Поврзани вести