Skip to main content

Карпош и Центар со највисока излезност, Сарај и Чаир останаа дома

Во главниот град до 18:30 часот гласале околу 33% од запишаните гласачи, што е зголемување во однос на 17:00 (27,9%), но и натаму помалку во споредба со првиот круг пред две недели.

Највисока излезност бележат Карпош (48,09%), Центар (46,14%), Аеродром (42,72%) и Кисела Вода (40,59%).
Под просекот се Ѓорче Петров (35,50%), Шуто Оризари (30,75%), Гази Баба (30,98%) и Бутел (26,98%), додека Чаир (13,71%) и Сарај (11,45%) остануваат на дното.

Во однос на првиот круг, сите општини бележат пад, но централните скопски општини (Карпош, Центар, Аеродром) ја задржуваат највисоката активност.

Поврзани вести