Skip to main content

Ѓорѓиевски во Волково: Подавам рака кон сите, без разлика на припадност или убедување

Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, министерот Тимчо Муцунски и пратеникот Бојан Стојаноски, беа во посета на домаќинствата во Волково.

Во Волково, меѓу нашиот народ, приемот е искрен и топол, со збор за поддршка и со јасна порака дека е време е за промени. Стиснатата рака и довербата што ја добивме се најголема мотивација да продолжиме уште посилно, со уште поголема посветеност, истакна Ѓорѓиевски.

Претставувајќи ја визијата за ново и функционално Скопје и проектите за Ѓорче, се сретнав со домаќини луѓе кои сакаат достоинствен живот, а ние тоа ќе им го овозможиме. Го имате мојот збор, дециден е Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Подавам рака кон сите, без разлика на припадност или убедување. Да се обединиме за нашето Скопје, за подобра иднина на нашите деца. Скопје го правиме заедно, по скопски, објави Ѓорѓиевски.

Поврзани вести