Skip to main content

Ѓорѓиевски: Спречивме ДУП со 99 згради во Расадник, ја сопревме бетонизацијата 

На дуел кај Иван, на Канал 5, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека локалната самоуправа во Кисела Вода спречила изградба на 99 згради во Расадник.

ДУП-от нема да се носи на начин на којшто планираа да се носи да се изградат 99 згради, ако е болката таму поради тоа што нема 99 згради додека не бидам градоначалник, ќе биде и понатаму тоа болка затоа што нема да има урбанизација и бетонизација како што тие планираа да има“, истакна Ѓорѓиевски.

Говорејќи за хигиената, тој дополни дека без оглед на тоа што надлежните институции не ја работеле својата работа, од 3 ноември сликата ќе биде поинаква.

Што се однесува на микролокациите тоа е работа и надлежност на комунална хигиена, но морам да истакнам дека тоа ќе биде решено со реорганизација на комуналната хигиена“, рече Ѓорѓиевски.

Поврзани вести