Skip to main content

Ѓорѓиевски победи во речиси сите скопски општини – Левица со водство во Центар и Карпош

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари убедлива победа во изборите за градоначалник на Град Скопје, со освоени 57,19 проценти од гласовите (94.633 гласа). Неговиот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ, освои 36,58 проценти (60.528 гласа), покажуваат речиси целосно обработените резултати (99% од избирачките места).

Според изборната карта, Ѓорѓиевски победи во речиси сите скопски општини, вклучувајќи ги Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Сарај, Сопиште и Шуто Оризари.

Левица, пак, забележа водство во Центар и Карпош, што се единствените општини каде црвената боја ја замени портокаловата на изборната мапа.

Овие резултати го потврдуваат трендот на доминација на ВМРО-ДПМНЕ во главниот град, со исклучоци во урбаните јадра каде што Левица задржа посилна поддршка, особено меѓу помладите и гласачите со левичарски убедувања.

Поврзани вести