Skip to main content

Ѓорче Петров ќе има старо-нов градоначалник, велат анкетите

фото: Facebook/Александар Стојкоски

На само една недела до почетокот на изборната кампања за локалните избори во емисијата Објектив на МРТ излегоа и првите анкети за општина Ѓорче Петров.

За кој кандидат за градонаќалник на Општина Ѓорче Петров ќе гласате на локалните избори?

Актуелниот градоначалник, Александар Стојкоски, на овие анкети е далеку пред своите противкандидати со поддршка од 33.4 проценти зад него се неговите противници од другите партии со 9.5 односно 9.3 протценти.

На прашањето за која партија / советничка листа би гласале на локалните избори во Општина Ѓорче Петров, владејачката ВМРО-ДПМНЕ е со високи 29.4 проценти пред опозициската СДСМ и Левица со 9.1 и 7.7 проценти, партијата ЗНАМ е со рејтинг од 4.1 процент…

Оваа анкета ја спроведе агенцијата ИПИС (Институт за политички истражувања)

Поврзани вести