Skip to main content

Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа за Орце Ѓорѓиевски, рече Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека гласовите не се ничија сопственост, коментирајќи ги шпекулациите дека дел од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и движењето ВЛЕН, не го поддржале Орце Ѓорѓиевски во вториот круг за градоначалник на Скопје со оглед дека не излегле на гласање.

„Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту може да ги испорача од џеб. Видовме една чесна заложба за Орце Ѓорѓиевски. Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа за Орце Ѓорѓиевски. Претпоставувам дека таква била одлуката на гласачите“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека, и покрај тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ е убедлива и покажува дека „граѓаните ја препознале енергијата и промената што ја нуди новото политичко време“.

Поврзани вести