Skip to main content

ДУИ го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје

Демократската унија за интеграција го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје,Данела Арсовска, што се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.

Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава.

Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија.

ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до надлежните органи веднаш да реагираат, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно законот.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го брани уставниот поредок, интегритетот на институциите и демократската соживот во земјата“, се вели во партиското соопштение на ДУИ.

Поврзани вести