Skip to main content
АНКЕТА НА ИПИС

Бети Стаменкоска-Трајкоска со водство од 39,2% во трката за градоначалник на општина Кисела Вода

Бети Стаменкоска-Трајкоска е со водство од скоро ЧЕТИРИ НАСПРЕМА ЕДЕН наспроти нејзините контар-кандидати од СДСМ и Левица во Општина Кисела Вода. Ова го покажа  телефонската анкета за Град Скопје спроведена во септември 2025 подготвена од ИПИС за потребите на МРТ во која учествувале 1017 испитаници со маргина на грешка +/- 3 %, каде за Општина Кисела Вода испитаниците одговориле дека општината се движи во целосно правилна насока со процент од 38,8 % , животот моментално во споредба на изминатите неколку години е многу подобар со 36,3 % а очекувањата на граѓаните се дека животот во Кисела Вода во наредните неколку години многу ќе се подобри.

На прашањето според вас во каква насока се движи Општина Кисела Вода испитаниците одговориле со целосно правилна 38,8 %, донекаде правилна 26,6, донекаде погрешна 16,9 целосно погрешна 14,3%.

На прашањето дали, споредбено со изминативе неколку години животот во Кисела Вода сега е подобар или полош, испитаниците одговориле со: многу подобар 36,3%, донекаде подобар 25,3% ист 13,8, донекаде полош 11,9% и многу полош 11,3%.

На прашањето дали сметаат дека во наредните неколку години животот во Кисела Вода ќе биде подобар или полош, испитаниците одговориле со многу ќе се подобри 35,3%, донекаде ќе се подобри 21,1% ќе остане ист 10,7% донекаде ќе се влоши 8,4% многу ќе се влоши 7,8% и не знаат 16,7%.

Во трката за градоначалник на Кисела Вода, најголема поддршка добива Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ со 39,2% од анкетираните. После неа следува Јане Ацевски со 10,5% и Горан Трајковски со 10,2%. Поддршката за независни кандидати е пониска, со само 3,3%, додека 4,7% од испитаниците изразиле поддршка за друг кандидат. 32,0% од испитаниците се уште не знаат за кого ќе гласаат или не сакаат да одговорат.

ВМРО-ДПМНЕ ја води трката со 39,1% поддршка.  23,2%, од испитаниците се изјасниле дека не знаат или се неопределени, додека СДСМ и Левица се на слично ниво, СДСМ со 9,8% и Левица 9,5%. 5.2% од испитаниците ја  поддржуваат Независна листа или изразиле неусогласен став, не сакале да кажат, 5,4%. За ЗНАМ се изјасниле 4,2% од испитаниците, додека 2,5% одговараат дека не би гласале за ниту една партија, а 1,2% поддржуваат друга опција.

Поврзани вести