Skip to main content

Автобусите на ЈСП – Скопје сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник „8 Септември“ – Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред.

Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.

Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи. 

– Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови, нагласуваат од ЈСП – Скопје

Поврзани вести